Сопатниците на првозаболената од коронавирус негативни на Ковид-19
Тестовите на коронавирус на четирите лица од Струмица, поврзани со првата пациентка, извршени вчера попладне, се негативни, соопшти утрово Министерството за здравство.
Во соопштението се посочува дека биле тестирани и други осум сопатници на истата пациентка од Скопје и нивните резултати беа негативни на коронавирусот.
– Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот, се додава во соопштението.
По последната информација дадена во текот на вчерашниот ден од Министерството за здравство, на корона вирус беа тестирани уште седум лица со индикации и нивните тестови се негативни.
– Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани девет пациенти, од кои осум се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување, се истакнува во соопштението.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.