Македонија
18. November 2019 - 10:56

Сопатничка тешко повредена, возачот со комбе удирл во земјена препрека на пато Прилеп - Битола

Вчера попладне во 17.30 часот на патниот правец Прилеп - Битола, во близина на клучка Лагово, Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно моторно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.