Македонија
20. August 2018 - 19:14

Сообраќајот во прекин поради свлечиште на патот Македонски Брод-Самоков

Поради свлечиште на патниот правец Македонски Брод - село Самоков, кај автобуската постојка за село Девич, сообраќајот е во прекин, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта, посочуваат од АМСМ, се одвива по суви коловози.