Македонија
17. August 2015 - 8:24

Сообраќајот во прекин на патот Свети Николе-Овче поле

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Свети Николе-Овче поле, кај село Пеширово, сообраќајот е во прекин, информираат утрово од Авто мотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на патниот правец А2 Охрид - Кичево денеска од 14 до 16 часот ќе биде во прекин поради минирање кај планинскиот премин Пресека во близина на село Врбјани.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.