Балкан
3. February 2021 - 13:57

Сообраќајот во Атина во последната половина од јануари на исто ниво како лани, и покрај карантинот и мерките

Во последните две седмици од јануари сообраќајот во Атина бил на исто ниво како и лани за истиот период, иако оваа година во сила се посебни рестриктивни мерки, покажуваат податоците од Центарот за управување со сообраќај на периферијата Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Врз основа на податоците од 1.000 мерни точки на главните патишта и булевари во областа Атика, во последната седмица од јануари, односно во периодот кога се отворија продавниците, сообраќајот бил за 0,5 отсто поголем од лани, додека пак меѓу четвртата и третата седмица има зголемување на сообраќајот за 0,3 проценти.