Сообраќајот се одвива по суви коловози
Поради изведување градежни работи поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани-Пониква (II фаза)“ на ден 09.07.2020 год. (четврток) од 10:00 до 12:00 часот ќе биде во целосен прекин.
Поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 09.07.2020 (четврток) на регионален пат Р- 2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила.
Поради изведување градежни работи, пробивање на автопатот Кичево – Охрид, делницата Пресека – Песочан, на еден дел од делницата работите ќе се изведуваат со минирање. Минирањето ќе се изведе на ден 13.07.2020 год. (понеделник) од 12:00 до 15:00 часот.
Во наведениот период ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила од двата правца.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата