Македонија
17. December 2018 - 13:11

Сообраќајот се одвива непречено на Плетвар и во прилепскиот регион

Сообраќајот на превојот Плетвар се одвива непречено, без проблеми и забрани, информира Сашко Цветкоски, раководител на секцијата на „Македонија пат“ во Прилеп. Нема проблеми ниту во сообраќајот на сите патни правци во регионот.

– Превојот Плетвар е прооден и опесочен за сите видови возила, а нема никакви проблеми и во одвивањето на сообраќајот на сите патни правци во Прилепскиот регион. Опесочен и прооден е и регионалниот пат за Мариово и на превојот Слива, Мариово, сообраќајот се одвива за сите видови возила. Нема никакви проблеми, ниту на патните правци кон Крушево, Кривогаштани и Македонски Брод. Според програмата за зимско одржување, има доволни количества на песок и ризла за одржување на регионалните патни правци, особено на превојот Плетвар, вели Цветкоски.

Од подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп нагласуваат дека се подготвени да интервенираат во зимски услови.