Македонија
7. January 2019 - 19:10

Сообраќајот по влажни коловози, забрана за камиони на патот Маврово-Дебар

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.