Македонија
24. January 2021 - 8:56

Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.