Сообраќајот по влажни коловози, поради снег забрана за камиони на дел од патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Поради врнежи од снег попладне од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти претходно Автомотосојузот на Македонија.
Во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.
Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат“ препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање