Македонија
3. January 2017 - 7:56

Сообраќајот по претежно суви коловози, можна голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.      

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.