Македонија
24. May 2018 - 18:28

Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот попладнево на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.