Македонија
14. November 2017 - 18:50

Сообраќајот по наместа влажни коловози

 Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено пo наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
 
Од Автомото сојузот на Македонија со потсетување дека од утре во сила стапува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2018 година.