Македонија
29. March 2018 - 12:33

Сообраќајот по една коловозна лента од Гостивар кон Кичево

На магистралниот пат Гостивар – Кичево (по планинскиот премин Стража) кај село Тајмиште поради свлечиште сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и тоа само за лесни возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите патишта во државата се одвива непречено, по претежно суви коловози.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.