Македонија
19. October 2021 - 8:37

Сообраќајот непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони како делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.