Македонија
8. December 2019 - 9:26

Сообраќајот на патот Маврови Анови – Дебар по една коловозна лента

Од 09.00ч. сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар кој беше во прекин поради одрон, се одвива наизменично по една коловозна лента.

Екипите на Ј.П Македонијапат работат на целосно расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот по две коловозни ленти.