Македонија
4. August 2021 - 21:09

Сообраќајот на патот Делчево – Пехчево во прекин до локализирање на пожарите

АМСМ вечерва соопшти дека сообраќајот на регионалниот патен правец Р1302 Делчево – Пехчево ќе биде во прекин до локализирање на пожарите.

Со пожарите во регионите на Пехчево и Делчево се зафатени селата Мачево, Робово и Умлена, а како што полицијата информира попладнево, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно.