Македонија
28. јуни 2020 - 10:23

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата донесе одлука да од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Патниот правец Р2332 Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.