Македонија
5. May 2021 - 8:31

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИНФОРМАЦИЈА: На наплатната станица Петровец, во правец Скопје - Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје - Миладиновци поставени се знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежни активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.   

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Р2332 Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.