Македонија
20. November 2018 - 8:56

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка ( од с. Гајре до с. Лисец ). Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
 
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.
 
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.
 
РАБОТИ НА ПАТ:
ЕВН известува дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на Демир Капија, ќе биде исклучено. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија - Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.
Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:
-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.
-наплатна станица Петровец во период од 24.10.2018 до 24.11.2018 год.
 
Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.
 
Од 16.10.2018 ЈП Македонијапат изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – с. Неготино, од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до сабота. Додека се изведуваат градежните работи, тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.
 
Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.
 
На 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1 Смоквица - Гевгелија во двата правци.
 
На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
 
Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.
 
Виадукт Трејд Дооел - Гостивар известува дека од понеделник, 20.08.2018 година, ќе се изведуваат градежни активности - Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци - клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци. 
 
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево - Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.
 
Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип - Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
 
Ги молиме сите учесници во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.
 
Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар (мост кај село Здуње) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км.
 
Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.
 
Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.
 
На патниот правец Демир Капија - Неготино, на делот од Неготино до Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
ВНИМАТЕЛНО: На патниот правец Р 1308 Макази - г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.