Македонија
16. May 2016 - 18:14

Сообраќајна несреќа во Велес - Две лица повредени

Две лица се здобиле со повреди денеска при судар на товарно возило и патнички автомобил на улица „Академик П.Давчев“ во населбата Речани во Велес. 

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата врши увид на лице место.