Македонија
25. November 2015 - 13:17

Сообраќајна несреќа во Тетово, загина пешак

На 24.11.2015 година околу 11.50 часот во Тетово на ул.„Видое Смилевски-Бато“ се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби пешакот Ј.Ѓ.(57) од Тетово.

Имено, С.А.(48) од Тетово, управувајќи ТМВ „Мерцедес“ , удрил во Ј.Ѓ. С.А. со друго возило го пренел Ј.Ѓ. во КБ–Тетово, каде што по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.