Македонија
29. November 2017 - 12:49

Сообраќајна несреќа во Скопје - едно лице итно пренесено на Ургентно

Ноќеска два часа по полноќ на улицата „Методија Андонов Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.П. (41) од Скопје, и патничко моторно возило  „Рено Велсате“, исто така, со скопски регистраски ознаки управувано од А.Г. (40).

Од незгодата со телесни повреди се задобил Ф.П., кој со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош е препратен во Ургентен Центар-Скопје и по укажана лекарска помош  е пуштен на домашно лекување.

За време на незгодата учесникот А.Г. се пожалил на повреди, но до завршување на увидот истиот не се јавил на лекарски преглед. Ивршен е увид на место на настанот.