Македонија
8. April 2020 - 10:30

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци

Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста „Маренски уши“.

– Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Одзади патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди сообраќајката. Тој вели дека не може да каже повеќе детали, затоа што во тек е увидот на лице место.