Македонија
22. April 2016 - 23:33

Сообраќајна несреќа на Партизанска

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22 часот и 30 минути на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на „Броз кафе“.

Полото од непознати причини удрило во жардињерата на средината на булеварот. Засега немаме информации дали има повредени во несреќата.

Полицијата врши увид на местото на настанот.