Македонија
1. November 2017 - 11:06

Сообраќајна несреќа кај Универзална - жена итно пренесена на Ургентно

Четириесет и шест годишната М.Т. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 23 часот и 10 минути  се случила на крстосницата со улиците „Костурски Херои“ и „Борка Талески“, зад Универзалната сала.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Рено“ управувано од 60- годишниот М.Г од Скопје и автомобил „Поло“ управуван од 41- годишниот Г.Т, исто така од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобила сопатничката од „Полото“ М.Т. која со возило на Итна медицинска помош е однесена во ГОБ „8 Септември“ каде и е укажана лекарска помош, по што е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Увид е извршен од страна на полициски екипи.