Македонија
29. January 2020 - 12:36

Сообраќајна несреќа кај Радишани, жена итно пренесена во болница

Жена О.Ц. се здобила со повреди откако со „Цитроен берлинго“ излетала од пат.

Несреќата, потврдуваат од МВР за Курир, се случила утрово на скопската обиколница кај клучката Радишани.

Полицијата пријавата ја добила околу 9:55 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде повредената жена-возач  била примена.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.