-->
-->
Сообраќајката во Битола последица на непрописно претекнување
-->
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде синоќа се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. По дадени наредби од страна на надлежниот јавен обвинител обезбедени се и прибрани траги од лице место. Дадена е и наредба за вршење на сообраќајно-техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на починатите лица.
Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, првичните сознанија посочуваат дека до несреќата дошло откако патничко моторно возило марка Ауди А6 во кое како возач и совозач се наоѓале сега починатите, се обидело да претекне друго патничко моторно возило Голф со регистарски ознаки од Ресен.
- Движејќи се кон Битола, при обидот за претекнување, а поради неприлагодена брзина на движење на возилото, патничкото возило Ауди удрило во товарно моторно возило – цистерна Мерцедес кое се движело во сообраќајната лента од спротивната насока. Од силината на ударот, на лице место животот го загубиле возачот и совозачот на моторното возило Ауди, родени 1984 година и 1991 година, двајцата жители на село Канатларци, прилепско, соопшти ЈОРМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите