Македонија
10. July 2018 - 13:13

Сообраќајка во Велес: Возило удрило во метална врата и влегло во двор од куќа -двајца повредени

- Според информацијата од СВР Велес вчера околу 17 часот на ул „Прохор Пчински“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Мерцедес вито“ со штипски регистарски ознаки управуван од лицето Е.Џ.(37) од Велес изгубил контрола над возилото и со задниот дел удрил во метална врата и влегол во двор на куќа.
 
Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците З.К.(34) и Р.В.(35) од Велес кои со возило на Итна медицинска помош при ЈЗУ “Здравствен Дом“ - Велес биле пренесени во ЈЗУ“Општа Болница“ - Велес.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.