-->
-->
Сообраќајка во Велес, тешко повредено едно лице
-->
Вчера во 06.50 часот било пријавено дека во Велес, на крстосницата од ул.„Благој Ѓорев“ и ул.„Луј Пастер“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(51) од Чашка и мопед „томос“, со велешки регистарски ознаки, управуван од И.К.(56) од с.Башино Село, велешко.
По незгодата возачот на мопедот бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација