Македонија
15. October 2017 - 17:48

Сообраќајка во Теарце - повредено четиригодишно девојче

Четиригодишно девојче  од Теарце денеска е повредено, откако на го удрило возило.
 
Несреќата се случила  околу 11 часот, на локалниот пат во тетовското село Теарце, кога патничкото возило „ауди А4“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 24-годишниот Б.Е. од село Глоѓи удрило во девојчето. При ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди, фрактура на лева нога, и веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница.
 
По укажаната помош, пуштено е на домашно лекување.
 
Увид по овластување на јавен обвинител, извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
 
Првично, причина е невнимание на пешакот.