Македонија
21. September 2020 - 16:49

Сообраќајка во струмичко, две лица тешко повредени

Вчера на патот Струмица - Радовиш се случила сообраќајка во која двајца се тешко повредени. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица - Радовиш, на крстосница за с.Василево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „бмв“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од с.Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“, Д.Ѓ.(20) и Г.Д.(19), двајцата од с.Василево, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.“