Македонија
7. February 2017 - 11:18

Сообраќајка во скопски Аеродром

Два автомобили утрово се судрија на раскрсницата пред мостот Близнак во скопски Аеродром. Причинете е поголема материјална штета, а според првичните информации, нема повредени. 

Полицијата е на лице место и го регулира сообраќајот кој поради сообраќајната несреќа се одвива отежнато, но сепак нема поголеми колони на автомобили.