Македонија
16. January 2021 - 11:41

Сообраќајка во Скопје, тешко повредено едно лице

Вчера околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јадранска  магистрала“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(40) од с.Волково, скопско, и патничко возило „нисан кашкаи“, со косовски национални, управувано од Ф.К.(32) Косово, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.