Македонија
13. September 2020 - 17:09

Сообраќајка во Скопје - повредени две лица

Денес наутро околу 8 часот било пријавено дека во Скопје на раскрсницата од ул.“Јустинијан Први“ и “Славка Динкова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Ф.(36) од Скопје и патничко моторно возило “форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(20) од Скопје, информираат од МВР. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Ф., а со телесни повреди се здобила А.М. констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.