Македонија
20. January 2016 - 13:19

Сообраќајка во кумановско: Повредено седумгодишно дете

Во селото Матејче, кумановско, на регионалниот пат село Липково-Скопје, се случила сообраќајка во која 23-годишниот Е.С. од Матејче управувајќи со Голф со кумановска регистрација, удрил во седумгодишно детенце. Девојчето со повреди на главата е итно пренесено на Ургентен во Скопје.
 
Полицијата го расчистува случајот.