Македонија
28. February 2020 - 15:22

Сообраќајка во Куманово, повредено едно лице

Вчера во 15,40 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „киа“ управувано од М.Х.(29) од Куманово, патничко моторно возило „шкода“ сопственост на МВР, управувано од Г.Б.(51) од Куманово, и автобус „темса“ управуван од И.С.(41) од Куманово. 

Во незгодата сопатникот В.П. (32) од патничкото возило „шкода“ се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница- Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.