Македонија
16. January 2016 - 12:39

Сообраќајка во Битола, повредена 25-годишна девојка

Во Битола ноќеска се случи сообраќајна несреќа, во која е повредена 25-годишна девојка.

Околу 01,00  по полноќ во Битола на ул.„Никола Тесла“ случена е сообраќајна незгода во која возило „Рено Клио“ со битолски регистарски ознаки управувано од И.Б.(24) удрил во врата од куќа и столб.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Т. (25) од Битола и истата била пренесена во КБ-Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.