Македонија
25. January 2019 - 13:47

Сообраќајка во Автокоманда

На булеварот „Александар Македонски“ во Скопје во населбата Автокоманда попладнево се случила сообраќајна несреќа меѓу два автомобили со скопски регистарски таблички.
 
Во несреќата која се случила во близина на надвозникот во правец кон Центар автомобил Сеат удрил во БМВ .
 
Полицијата веќе е пристигната на местото на несреќата и врши увид.