Македонија
3. March 2021 - 18:01

Сообраќајка помеѓу мопед и запрежно возило во Скопје - Тешко повредено едно лице

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале запрежно возило, управувано од Р.К.(22) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(64) од Скопје, соопштија од МВР.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.