Македонија
6. January 2021 - 10:42

Сообраќајка помеѓу мопед и автомобил во с.Башино - тешко повредено едно лице

Вчера околу 09.20 часот во с.Башино Село, велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Р.В.(77) од Велес и патничко возило „цитроен ц1“, управувано од П.Д.(39) од Велес, соопштија од МВР. 

Во незгодата, Р.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.