Македонија
9. May 2020 - 13:10

Сообраќајка помеѓу два велосипеди, тешко повредено едно лице

На 08.05.2020 околу 12.45 часот на регионален пат Кичево – Демир Хисар се случила собраќајна незгода помеѓу велосипедист В.П.(54) од Кичево и велосипедист О.Н.(55) од Кичево.

По незгодата О.Н. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево, стои во соопштението од МВР.