Македонија
10. July 2021 - 12:58

Сообраќајка помеѓу автомобил и мопед во Битола, тешко повредено едно лице

Едно лице повредено во сообраќајка откако се судриле автомобил и мопед.

-На 09.07.2021 во 13,45 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Солунска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(31) од с.Другово-кичевско и мопед „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Битола, информираат од полиција.

Според пријавеното во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.