Македонија
12. November 2022 - 18:36

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица

– Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случила вечерва во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица.

Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец.

На местото на несреќата поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а според првичните информации нема повредени лица во сообраќајната несреќа.

Повеќе информации од полицијата најавија во текот на вечерта.