-->
-->
Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица
-->
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што сообраќајот и возилата се пренасочуваа по околните патишта.
– Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски таблици излетало од коловоз, удрило во заштитната ограда и се превртело. Во незгодата две лица, маж и жена се повредени и пренесени во тетовската клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.
Поради сообраќајката започнат е и увид на местото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење