Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.
Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.
Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.
Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност