Македонија
2. August 2020 - 14:32

Сообраќајка на патот Радовиш-Штип, повредени две лица

Синоќа околу 2 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш-Штип, во која две лица се повредени. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 02.08.2020 во 02.05. часот на магистрален пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.Д.(58) од Штип и патничко моторно возило „бмв Х5“ со бугарски национални ознаки управувано од А.А.(42) од Струмица.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на Ј.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, додека на А.А. му биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш“.