Македонија
9. September 2020 - 10:40

Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, повредено едно лице

Вчера околу 17 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл “хонда” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(24) од с.Манастирец-Росоман и патничко возило марка ”хонда“со битолски регистерски ознаки, управувано од П.Ј.(37) од Битола, информираат од МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.