Македонија
23. February 2020 - 12:23

Сообраќајка на патот Македонски Брод - Кичево, едно лице пренесено во болницата во Прилеп

Синоќа околу 19,00 часот во близина на бензинска пумпа на регионален пат Македонски Брод-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„Југо“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Т.Т.(59) од Македонски Брод и патничко моторно возило„БМВ“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Н.Н.(19) од с.Челопеци, кичевско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопстникот од патничко моторно возило „Југо“ М.Т.(62) од Македонски Брод кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево.