Македонија
23. February 2019 - 14:47

Сообраќајка на патот Македонска Каменица-Кочани, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица-Кочани е во прекин поради сообраќајна несреќа.

Според информации на возачи, во несреќата причинета е материјална штета на автомобил марка „Фиат добло”, а во несреќата учествувало и возило од марката застава „Југо” кое било многу оштетено.

Колона од возила веќе половина час чекаат да заврши увидот по што сообраќајот ќе продолжи нормално да се одвива. Според информациите на возачите, на местото на несреќата имало и екипи на Итната медицинска помош. Детали за причините за несреќата се најавени во текот на денот.